Просечниот сопственик на Bugatti Veyron има 84 автомобили, 3 авиони и една јахта! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Просечниот сопственик на Bugatti Veyron има 84 автомобили, 3 авиони и една јахта!

Неодамна челниците на Bugatti излегоа со интересни статистики за сопствениците на ултра-луксузниот, редок, скап и брз Veyron!

Wolfgang Durheimer, човекот кој истовремено е претседател на Bugatti и на Bentley во рамките на Volkswagen групацијата изнесе некои интересни факти за сопствениците на возилата од тие брендови. Според истражувањата кои тие ги направиле, просечниот сопственик на Bugatti Veyron има прилично голема и скапа колекција на автомобили.

Според Durheimer, „просечниот клиент на Bugatti има 84 автомобили, 3 авиони и една јахта.“ За споредба, тој кажа дека просечниот сопственик на Bentley има 8 автомобили. „Клиентелата меѓу Bentley и Bugatti е исклучително различна“ – додаде Durheimer.

Доколку сакате да се приклучите кон оваа ексклузивна група, побрзајте! Останати се околу 20 примероци на Veyron за продавање, и сите имаат почетна цена од 1.46 милиони евра. Во моментов се работи на наследникот на Veyron и се разгледуваат најмалку три, а можеби и повеќе различни концепти. Сепак, веќе подолго време од разни извори излегуваат информации дека следниот Veyron ќе нуди околу 1500 коњски сили, најверојатно ќе нуди некаква имплементација на хибридна технологија, ќе биде значително полесен и според Walter de Silva, ќе биде уметничко дело.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.