Nissan го најавува дебито на Juke NISMO RS со 218 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan го најавува дебито на Juke NISMO RS со 218 коњски сили!

Срцето на новиот Juke NISMO RS е 1.6-литарскиот DIG-T турбо-бензинец со 218 коњски сили и 280 Nm вртежен момент!

Благодарение на тркачкото искуство на NISMO, новиот и подобрен 1.6-литарски DIG-Т турбо-бензинец сега е подобрен и преработен за да испорачува 218 коњски сили (наместо 200) а вртежниот момент кај моделите со две тркала и мануелен менувач е зголемен од 250 на 280 Nm. Моделите со погон само на предните тркала со стандардната опрема ќе добијат и механички диференцијал со ограничено пролизгување.

nissan-juke-nismo-rs-light

Оние кои ќе изберат модел со погон на сите четири тркала ќе го добијат Torque Vectoring системот на Nissan, заедно со Xtronic трансмисијата и 250 Nm вртежен момент. Овие модели ќе добијат и лопатки за менување на брзините поставени на управувачот за да ги контролираат осумте степени на пренос.

Перформансите се дополнително истакнати благодарение на поспортскиот звук кој доаѓа од преработениот издувен систем со придушувач со поголем дијаметар. Во внатрешноста купувачите ќе најдат дискретни RS ознаки како и материјали уникатни за овој модел.

nissan-juke-nismo-rs-interior

Продажбата ќе започне од Декември оваа година, а цените ќе започнуваат од 27.450 евра за моделот со погон на предните тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.