Специјалното купе – кое всушност ќе биде возило за поддршка на Team Sky на една од делниците на легендарната велосипедска трка – носи два Pinarello Bolide TT велосипеди и сета опрема која им е потребна на натпреварувачите!
Сепак, бидејќи нас повеќе нè интересираат коњските сили од велосипедите (поздрав Дарко и Томе!), можеме да потврдиме дека ова купе изработено од Special Vehicle Operations дивизијата на Jaguar Land Rover го носи 5-литарскиот V8 бензинец кој испорачува 550 коњски сили и 680 Nm вртежен момент.
Сега, кога го знаеме најважното, можеме да споменеме дека автомобилот има посебно изработен заден дел кој му дозволува да носи два велосипеди, и е дополнително опремен за да може да овозможи комуникација меѓу членовите на тимот. Делницата на која ќе се користи овој автомобил е долга 54 километри и се протега меѓу Bergerac и Périgueux.