Официјално: Новата Mazda 2! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новата Mazda 2!

По неколкуте „протечени“ фотографии, Mazda и официјално го претстави својот најмал претставник, урбаната Mazda 2!

Како што веќе споменавме – Mazda 2 влече инспирација од Hazumi концептот кој беше покажан во Женева. Дизајнот е минијатуризирана изведба на Kodo дизајнерскиот јазик кој веќе го знаеме од кај Mazda 3, Mazda 6 и Mazda CX-5.

Интересно е изведен и ентериерот, каде очигледно е следена парадигмата дека „помалку е повеќе“. Минимализмот преовладува, а за сметка на тоа ентериерот изгледа светол и простран. Сега за сега нема многу официјални детали, но Mazda изјави дека малата Mazda 2 ќе носи мноштво SkyActiv технологии, а меѓу нив ги вбројува моторите, менувачките кутии, каросеријата и шасијата – всушност, целиот автомобил!

Во зависност од пазарот, кај Mazda 2 ќе се нудат до три мотори при лансирањето. Моторот кој се спомнува е SKYACTIV-G 1.3-литарскиот бензинец, SKYACTIV-G бензинецот со 100 коњски сили, како и SKYACTIV-D дизелот со зафатнина од 1.5 литри и 105 коњски сили. Во понудата ќе се најдат мануелен и автоматски менувач со по 6 брзини.

Од Mazda објавија дека производството за домашниот пазар е веќе започнато во фабриката во Хофу, Јапонија, а другите пазари ќе го добијат автомобилот до крајот на оваа година. Европската премиера најверојатно ќе биде на овогодинешниот саем за автомобили во Париз, во Октомври.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.