Formula 1 – ГН Индија: Фетел доминантно до четвртата последователна титула! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Formula 1 – ГН Индија: Фетел доминантно до четвртата последователна титула!

Себастијан Фетел и тимот на Red Bull стигнаа до својата четврта последователна титула. На навистина доминантен начин, тие ги осигураа возачката титула и конструкторската на 3 трки пред крајот!

Со десеттата победа оваа сезона, германецот од тимот на Red Bull, Себастијан Фетел се приклучи на елитното друштво со 4-ри последователно осовени титули. Фетел е третиот возач во историјата кој што има постигнато ваков успех, другите двајца се неговиор сонардник Михаел Шумахер и аргентинецот Хуан Мануел Фанџо. Фетел исто така се изедначи со Алан Прост, кој исто така има освоено 4-ри шампионски титули.

Уште на самиот старт титулата на Фетел почна да му се смешка. Фернандо Алонсо кој пред оваа трка имаше теоретски шанси за титула, уште при првиот свиок по контактот со Џенсон Батон, го оштети предното крило и по неговата промена падна на последното место, што значеше и крај на неговите надежи за бодови на оваа трка. Сепак Фетел реши да во свој стил, доминантно, со одлично возење и победа да ја донесе титулата по 4-ти пат во своите витрини. Неговиот тимски колега, Марк Вебер беше единствениот кој можеше да му ја одземе победата на оваа трка на Фетел, но поради проблеми со менувачот мораше пред време да ја заврши трката.

Во сенка на старо-новиот шампион, паднаа добрите резултати на Фелипе Маса од Ferrari и Серхио Перез од Mclaren, кои завршија на 4-то, односно 5-то место, како и третото последователно 3-то место за младиот пилот на Lotus, французинот Роман Грожан. Втората позиција му припадна на Нико Розберг, додека неговиот тимски колега од Mercedes, Луис Хамилтон трката ја заврши на 6-то место пред финецот Кими Раиконен кој проба да ја заврши трката со 52 круга стари гуми, но сепак мораше да ги смени на два круга пред крајот за да може да ја заврши трката. Во бодови оваа трка ја завршија и двата возачи на Force India, Пол ди Реста и Адриан Сутил, како и Даниел Рикардо од Торо Росо, кој успеа да го освои последниот бод задржувајќи го зад себе Фернандо Алонсо.

Ова беше последната трка во Formula 1 на патеката во Индија, за која нема да има место на календарот за наредната сезона.

Веќе следната недела се вози трката за големата награда на Абу Даби и нè очекуваат нови возбудувања во борбата за второто место кај возачите и конструкторите, како и борбата на Фетел и Red Bull со рекордите!

Подготви: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.