Ова е новиот Range Rover Sport! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е новиот Range Rover Sport!

Новиот Range Rover Sport може да се пофали со навистина многу, но една од најважните работи е новата плаформа и напредните материјали, благодарение на кои Range Rover Sport е до 420 килограми полесен од својот претходник!

Првата, и можеби најзначајна разлика за новиот Range Rover Sport е дека ја напушта класичната изведба каде каросеријата е поставена врз шасијата. Овој модел е изведен модерно, со алуминиумска каросерија која е дел од носечките елементи на автомобилот. Тоа значи дека новиот Range Rover Sport опремен со TDV6 дизелскиот мотор е 420 килограми полесен од својот претходник!

Благодарение на зголемените димензии, сега може да се понуди верзија со седум седишта. Зголеменото меѓуоскино растојание и скратените испакнувања на предниот и задниот дел се подобруваат веќе одличните off-road перформанси на Sport, a целосно независната суспензија напред и позади, заедно со воздушното потпирање кое дозволува до 115 милиметри вертикално нагодување гарантираат одлични перформанси на секаков терен.

За да ги задоволи потребите на оние кои сакаат авантури надвор од асфалтираните патишта, Range Rover Sport ќе се нуди со два системи за погон на сите четири тркала. Едниот систем, кој е воедно и понапреден ќе се нуди со редуктор и можност за блокада на сите диференцијали.

Купувачите ќе можат да изберат помеѓу 5-литарскиот компресорски V8 кој нуди 510 коњски сили или 3.0 SDV6 турбодизелот кој ќе нуди 292 коњски сили. Во 2014 во понудата ќе се најдат и 255-коњскиот TDV6, но и 334-коњскиот TDV8. За истата година е најавена и дизел-хибридна варијанта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.