Претставен Hyundai HND-9 Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Hyundai HND-9 Concept

Hyundai го прикажа HND-9 концептот на овогодишниот автомобилски саем во Сеул, Јужна Кореа.

Концептот во најголем дел прикажува како ќе изгледа наредната генерација на Genesis Coupe и се протега во должина од 4,695mm, 1890мм ширина и 1,340mm височина, додека должината на меѓуоскиното растојание изнесува 2,860mm. Неговиот драматичен дизајн претставува еволуција на флуидната дизајнерска филозофија и донесува долга хауба, моќни карактерни линии, врати во пеперутка стил и решетка во хексагонална форма.

Автомобилот вози на 22-инчни алуминиумски тркала со карбонски детали. Ентериерот е создаден да овозможи луксузно и модерно возачко искуство, со спортски седишта кои менуваат боја во зависност од аголот од кој се гледани, а инструмент таблата и централната конзола се ориентирани накај возачот.

HND-9 концептот е погонуван од 3.3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 362 кс преку осум-степена автоматска трансмисија кон задните тркала. Одличен кандидат за следниот Бетмобил, нели?



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.