Заминувањето продолжува – Ford се повлекува од WRC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Заминувањето продолжува – Ford се повлекува од WRC

По откажувањето на Mini, сега и Ford ги објави плановите дека ќе се повлече од Светскиот Рели Шампионат по завршувањето на оваа сезона.

Според Роланд Де Ваард, европскиот потпретседател за продажба и маркетинг на Ford, Американскиот бренд има долга и горда традиција во WRC, а ова не била лесна одлука. Сепак во ова време тие заклучиле дека подобро за компанијата е да ја намалат посветеноста во WRC и да ги насочат ресурсите во други области.

Покрај повлекувањето на Ford, M-Sport планира да продолжи да се натпреварува со нивната Fiesta. Ford е во преговори со компанијата за да ги снабдува со возила и инженерска поддршка.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.