Honda подотвува Civic Wagon – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda подотвува Civic Wagon

Honda на овогодинашниот автомобилски саем во Париз објави дека планира да претстави караван верзија од хечбекот Civic на наредниот саем во Женева.

Европскиот претстедател на Honda, Манабу Нишимае, го претстави новиот Civic Wagon на нивната прес конференција во облик на концептна слика. Предпроизводниот концепт ќе биде прикажан следната година, најверојатно на автомобилскиот саем во Женева или саемот во Франкфурт во Септември.

Концептната слика објавена од Honda прикажува продолжена, благо накосена линија на покривот, вклучувајќи товарни шини, испакнати странични крила, како и непрекината линија на прозорците околу автомобилот.

Информациите за Civic Wagon се ограничени, но најверојатно е дека ќе биде поставен на истата платформа и ќе ги користи истите мотори од гамата на хечбекот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.