2014 Mazda 6 – Нови информации и фотографии – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2014 Mazda 6 – Нови информации и фотографии

Mazda објави нови информации за претстојната Mazda 6, како и фотографии од нејзината караван изведба.

Попрактичниот и попросторен Mazda 6 Wagon располага со подеднакво атлетски дизајн како неговиот седан близнак со накосен заден прозорец и задна врата која започнува пониско во споредба со седанот, со цел да се овозможи полесно товарење.

Кога ќе започне продажбата на Mazda 6 во Европа подоцна годинава, седан и караван варијантите ќе се нудат со новиот SKYACTIV-D 2.2-литарски турбо дизел мотор во две верзии, Standard Powerсо 150 кс и High Power со 175 кс. Треба да напоменеме и дека овој агрегат ги исполнува Euro6 издувните норми.

Mazda исто така ќе нуди пар SKYACTIV-G четири-цилиндарски бензински мотори, од кои едниот е 2.0-литарски со 150 кс и поголем 2.5-литарски агрегат со 192 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.