Панорама: Новите Porsche 911 Carrera 4 и 4S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Новите Porsche 911 Carrera 4 и 4S

Неодамна ви ги претставивме првите официјални слики од верзијата со погон на сите тркала од новиот Porsche 911, а сега Ви ги пренесуваме сите детали за новите 911 Carrera 4 и 4S.

Новиот модел ќе биде се нуди во купе и кабриолет верзии, во варијанти од Carrera 4 со 350 кс или Carrera 4S со 400 кс. Иако Carrera 4 изгледа идентично како моделот со погон на задните тркала, неговите задни крила се пошироки за 22 милиметри од двете страни, а исто така додадена е и црвена рефлектирачка линија помеѓу задните светла.

Покрај тоа што е поголема од нејзиниот претходник, новата Carrera 4 е до 65 килограми полесна од него, додека потрошувачката е намалена за 16 проценти. Купувачите на 911 Carrera 4 можат да избираат помеѓу два седум-степени трансмисии, стандардниот мануелен или опционалниот секвенционален PDK менувач со дупла спојка.

 

Што се однесува до перформансите, Carrera 4 Coupe забрзува од 0-100 км/ч за 4.5 секунди и достигнува максимална брзина од 285 км/ч. Кабриолетот е малку побавен, со 4.7 секунди до 100 км/ч и максимална брзина од 282 км/ч. Потрошувачката на гориво со PDK менувачот е 8.6 литри на 100 км за купето и 8.7 литри на 100 км за кабриолетот.

Carrera 4S Coupe забрзува од место до 100 км/ч за време од 4.1 секунда, а неговата максимална брзина изнесува 299 км/ч, додека кабриолетот има забрзување од 4.3 секунди и најголема брзина од 296 км/ч.

Новиот Porsche 911 Carrera 4 ќе ја доживее својата премиера на Саемот во Париз и ќе започне со продажба во Европа пред крајот на годинава. Цените во Германија ќе започнуваат од 97,557 евра за 911 Carrera 4 Coupe и 110,290 евра за 911 Carrera 4 кабриолет. Carrera 4S ќе чини 112,313 евра во купе и 123,046 во кабриолет верзија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.