MEC Design претстави нов тјунинг проект базиран на Mercedes Benz S550, кој изгледа како да излегол од некој гангстерски филм.
Измените направени на автомобилот вклучуваат нова маска во боја на каросеријата и 21-инчни MEC Design Mecxtremel три-делни бандажи во црна боја, во ширина од 10 инчи напред и 11 инчи позади. Профилот на гумите на предната оска е 255/30/ZR21, додека на задната изнесува 295/25/ZR21.
MEC Design исто така го вгради нивниот Електронски Левелирачки Систем кој го спушта автомобилот до 60mm пониско. Вграден е и нивен издувен систем од не’рѓосувачки челик со 4 издувни цевки. Ентериерот располага со Piano Black делови на воланот, инструмент таблата и централната конзола.