Неизвесна иднината на GT-R! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Неизвесна иднината на GT-R!

Јапонскиот супер автомобил со перфектен однос на цена и перформанси беше претставен на пазарот пред скоро пет години, но наследник на сегашниот модел сеуште не е одобрен, а можеби и нема да биде претставен.

Nissan GT-R е нашироко величен поради неговата комбинација од брзина, управување и ниска цена, кои се главните состојки за успех. Неговиот наследник прво требаше да излезе во 2014, но потоа беше преместен за 2018, додека, сега изгледа дека развојот на нов модел на GT-R не е сеуште започнат.

Извршниот директор на Nissan, Карлос Гносн сеуште нема дадено зелено светло за дизајнирање и инженирање на нов GT-R. Гносн го поддржуваше развојот на сегашниот модел, но само бидејќи бил уверен дека ќе биде профитабилен. Но сепак изгледа дека GT-R исто како Bugatti Veyron и Lexus LFA претставува трошок за компанијата.

Nissan моментално се фокусира на зелена технологија и електрични возила, па нов спортски автомобил може да не одговара во идната гама. Пред некое време имаше и гласини дека новиот GT-R ќе биде хибрид, но земајќи ја во предвид слабата продажба и трошоците за развој во овие економски несигурни времиња може да се заклучи зошто Гносн не го одобрил развојот на R36.

Можеби уште позагрижувачки е фактот дека Казутоши Мизуно, главниот креатор на GT-R, неодамна се пензионираше. Кога ќе се собере сето тоа, лошо му се пишува на GT-R.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.