Со следната генерација на BMW Серија 7 доаѓа и M770i xDrive – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со следната генерација на BMW Серија 7 доаѓа и M770i xDrive

Следната генерација на BMW серија 7, најверојатно ќе добие и свое М издание под ознаката М770i xDrive.

Според Automobile Magazine, BMW 770i xDrive ќе биде опремен со 4.0-литарски твин-турбо V8 агрегат со 482 кс и 650 Nm вртежен момент, усогласен со осумстепен автоматски менувач. Овие цифри не делуваат импресивно во споредба со сегашниот V-12 760Li, кој произведува 570 кс и огромни 900 Nm вртежен момент, меѓутоа се наведува дека М770ix ќе биде поагилен од 760i.

Покривот, багажникот и поклопецот на моторот ќе бидат направени од јаглеродни влакна, додека лесните спортски седишта, карбонско-керамичките сопирачки, четирите издувни цевки и 20-инчните тркала го комплетираат “слабеењето на моделот”. Резултат на сето тоа ќе биде намалување на тежината за околу 200 кг.

Палетата на мотори за стандардните модели на Серија 7 ќе опфаќа четири-цилиндричен агрегат со 264 кс, шест-цилиндарски мотор со 345 кс, како и V8 со 466 кс. Покрај тоа, се очекува и plug-in хибридна верзија која покрај електромоторот во понуда би имала 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат и 3.0-литарски шест-цилиндарски мотор.

Новата генерација на BMW серија 7 би требала да се појави во продажба во 2015 година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.