Aston Martin Rapide by A.Kahn – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin Rapide by A.Kahn

Британскиот тјунер Kahn, успеа да направи еден дискретен стајлинг пакет за веќе преубавиот модел на Aston Martin – Rapide!

Паузата од тјунирањето на Range Rover, Kahn ја искористи да се позабавува со друг автомобил од неговата матична земја – Велика Британија.

Овој Rapide доаѓа во Onyx Black боја со мат црни детали. Поклопецот на моторот доби нови отвори за воздух, како и страничните прагови. Нормално, затемнетите стакла се исто така дел од овој стајлинг на Kahn, но A.Kahn му подари на овој Rapide и спортски издувен систем како и модификувана суспензија со која Rapide е сега поблиску до земјата.

Можеби и највпечатливиот дел на овој стајлинг од Kahn се всушност 21-инчните RSX-F алуминиумски бандажи, а како и повеќето проекти на Kahn, внатрешноста на Rapide може да биде дотерана по желбите на купувачот.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.