Мега галерија – Skoda Rapid Sedan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мега галерија – Skoda Rapid Sedan

Веќе подолго време се зборува за новиот седан на Skoda, Rapid. Ние веќе и официјално го претставивме, но сега да го запознаеме во поинакво светло, со многу фотографии.

Веќе добро го познаваме новиот седан на Skoda, но да се потсетиме – 4.48 метри долгиот седан потекнува од Mission L концептот, но исто така треба да го претстави и новиот дизајнерски правец на компанијата.

Со Rapid се пополнува дупката во гамата на Skoda, односно го зафаќа местото меѓу помалата Fabia и поголемата Octavia. Rapid всушност претставува и основа за седанот на Seat, Toledo за кој исто така говоревме.

Да не должиме многу, уживајте во галеријата на Skoda Rapid.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.