BMW 235i Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW 235i Coupe

BMW идната година ќе ја претстави новата генерација на Series 1 Coupe, но oвој пат најмалото купе на BMW ќе го смени името во Series 2!

Во понудата е и 235i, моделот кој е придвижуван од шестцилиндричен мотор со 306 КС. Направен е на платформата на F20, а во поглед на дизајнот, новото купе на BMW ќе дели некои детали со хечбек верзијата на Series 1. Сепак, најавите се дека ова купе ќе нуди повеќе луксуз и спортски дизајн од „помалиот брат“.

Series 1 и новата Series 2 ќе делат уште заеднички работи, а тоа е понудата на моторите. Во понудата на ова ново купе на BMW ќе се најде добро познатиот 2,0 бензинец во три верзии, со 155, 180 и 220 КС. 220d верзијата ќе биде исто така во понудата. Таа го носи 2,0 турбодизел моторот со 215 КС. Најмоќната верзија е токму 235i, која во себе го има 3,0 литарскиот бензинец со 306 КС!

Моторите ќе бидат во комбинација со шест-степениот мануелен менувач или пак со ZF-осумстепениот автоматски менувач. Се шпекулира дека Series 2 Coupe ќе го добие и xDrive погонот.

Иако сега за сега сè се сведува на шпекулации, не би било лошо да видиме уште еден спортист од BMW!

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.