Puritalia 427 – Американски мускули со Италијански дизајн – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Puritalia 427 – Американски мускули со Италијански дизајн

Puritalia конечно го претставија нивниот роудстер 427, замислен да служи како модерна интерпретација на легендарниот двосед создаден од Carroll Shelby.

Каросеријата на автомобилот се призведува рачно и е изработена од јаглеродни влакна, што резултира со тежина на автомобилот од 1090 килограми и перфектен 50/50 распоред на тежината.

Купувачите имаат избор од два мотори: oсновниот, атмосферски 5.0-литарски V8 произведува 445 коњски сили и 530 Nm, додека посилната варијанта со компресор е достапна со 605 коњски сили и 640 Nm вртежен момент.  Погонот е на задните тркала преку шест-степен рачен менувач и диференцијал со ограничено пролизгување

Благодарејќи на целосно независна суспензија, прилагодливи амортизери и стабилизатори, 427 лежи одлично на патот. Вози на 19-инчни бандажи обвиени со гуми 275/35R19 напред и 20-инчни бандажи обвиени со гуми во профил 335/30R20 назад. За застанување се грижат Brembo сопирачките со големина на дијаметар на дисковите од 380 mm напред и 345 mm позади.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.