Официјално: MINI Clubvan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: MINI Clubvan

Автомобилот кој беше претставен како концепт во Женева, сега е реалност. MINI го објави серискиот модел на Clubvan!

Clubvan го има приматот како првиот премиум ван во светот. Базиран е на продолжената верзија на Clubman.

Според податоците на MINI, Clubvan има багажен простор од 860 литри и можност да носи товар од 500 kg, додека багажниот простор е долг 1,150 mm.

Clubvan, првиот ван од MINI ќе биде понуден во три верзии! Првата верзија е онаа со 1.6 литарскиот бензинец со 97 КС. Потоа следува Cooper Clubvan кој носи 1.6 литарски бензинец но со 121 КС и забрзува до 100 Km/h за 9,8 секунди. Последна е Cooper D верзијата која е со четирицилиндричниот дизел мотор со 110КС. Оваа верзија можеби не е најбрзата (од 0 до 100 km/h за 10,2 секунди) но затоа е најекономичната! Просечната потрошувачка се движи околу 3.9 l/100km.

6-степениот мануелен менувач е стандардна опција кај сите три модели, додека 6-степен автоматски менувач е како опција кај Cooper D.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.