Се појавија првите официјални фотографии од 2012 Seat Toledo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Се појавија првите официјални фотографии од 2012 Seat Toledo

Беше само прашање на време кога ќе биде претставена сериската верзија на Шпанскиот брат на Skoda Rapid Sedan, па така денес на интернет “протекоа” првите официјални фотографии од новото Toledo.

Финалниот модел има само некои незначајни промени од концептот Seat Toledo, претставен на Саемот во Женева, а тоа се помалите бандажи, како и стандардниот волан без зарамнето дно и со пообичен дизајн.

Овој модел ќе биде понуден на Европскиот пазар во избор со четири различни бензински мотори, вклучувајќи ги 1.2-литарскиот три-цилиндарец со 75 КС и 85 КС, посилниот 1.2-литарски TSI турбо со 104 КС и 1.4-литарскиот ТSI турбо со 122 КС. Гамата на дизел мотори опфаќа 1.6-литарски TDI CR со 105 КС и од 2013, 1.6-литарски TDI CR со 90 КС. Во понуда ќе биде со мануелен менувач или DSG со двојна спојка.

Исто како неговиот Чешки брат Skoda Rapid, компактниот седан Seat Toledo се очекува да го направи неговото прво јавно појавување на автомобилскиот Саем во Париз оваа Есен, а неговата продажба да започне веднаш потоа.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.