Официјално: Opel Astra Sedan – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Opel Astra Sedan

Покрај хечбек верзијата со пет врати, караванската изведба и GTC купе верзијата на Astra, во понудата доаѓа и комплетно новата Astra Sedan. Според Opel, спортско-елегантната лимузина нуди многу предности пред конкурентите.

Типичните карактеристики на Astra, напредната технологија и нејзиниот препознатлив квалитет треба да бидат главниот адут на новата Astra Sedan. Продажбата стартува во Јуни, а купувачите уште на самиот старт ќе имаат голем избор на мотори. Во понудата се вкупно седум мотори меѓу кои четири бензинци (најмалиот со 100 КС, а најголемиот со 180 КС) и три дизел мотори (од 95 КС до 130 КС). Двата штедливи 1.7 CDTI ecoFLEX мотори со 110 КС и 130КС се исто така во понудата. Подоцна се очекува во понудата да се најде и новиот 1.6 SIDI ECOTEC бензински мотор со турбо полнач.

Но да видиме за колкав седан зборуваме! Должината на Astra Sedan изнесува 4,658 мм, ширината е 1,814 мм а висока е 1,476 мм. Седан верзијата нормално нуди и повеќе багажен простор од верзијата со пет врати. Па така багажниот простор изнесува 460 l, што е 90 литри повеќе од хечбекот. Со спуштање на задната клупа се доаѓа до багажен простор од 1010 l.

Да ја погледнеме Astra во малку поинакво издание од она на кое сме навикнати – Opel Astra Sedan!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.