Renault Twingo Summertime – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Twingo Summertime

Малиот градски автомобил на Renault, Twingo доби своја “летна” верзија. Несекојдневни светли бои заедно со некоја додатна опрема како спас за летните горештини.

Се работи за лимитирана верзија на Twingo која во стандардната опрема ќе нуди електричен покрив, мануелен клима уред, централно заклучување и R-Plug&Radio. Оваа верзија на малото Twingo ќе биде и во четири несекојдневни бои, а ретровизорите и бандажите кои се во црна боја се исто така дел од летното освежување на Twingo.

Кога се работи за моторите, тука е поедноставно, во понудата се 1.2 литарскиот бензински агрегат со 75 КС како и dCI дизел агрегатот со исто така 75 КС. Цените би требало да се движат околу 12.000 евра за бензинецот и 14.000 за дизел агрегатот.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.