Nissan Juke by Senner Tuning – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan Juke by Senner Tuning

По претставувањето на провокативниот Juke-R, но и неговата висока цена, Senner Tuning направија тјунинг пакет со кој Juke го добива спортскиот изглед што го заслужува, а е и по достапен !

Ограничената верзија на Juke-R сите не остави без зборови, исто како и неговата цена од 450.000 евра! Затоа Senner Tuning го одбра токму овој автомобил како нивен најнов проект.

Nissan Juke сега е понизок за 35мм, а нормално има и детали од карбонски влакна. Бандажите дефинитивно се истакнуваат поради нивната несекојдневна боја и големина (20-инчи). За подобри перформанси, Senner Tuning инсталирале и спортски издувен систем како и нов филтер за воздух. Овие модификации дозволуваат овој турбо 1.6 мотор да понуди 222 КС и 275 Nm вртежен момент.

Бројките се малку далеку од Juke-R, но таква е и цената која се движи од 33.000 евра!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.