Fiat Linea фејслифт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat Linea фејслифт

Fiat минатиот месец во фабриката во Турција официјално започна со производство на обновениот модел на Linea, кој беше премиерно претставен уште во 2007-ма година.

Што се однесува до изгледот, фејслифуваната Linea се истакнува пред се со изменет преден дел кој сега има нов браник, спојлер и маска. Додека пак во задниот дел измени можат да се забележат кај задните светлосни групи и задниот браник. Исто така додадени се нови алуминиумски бандажи, поширока палета на бои, поквалитетни материјали во ентериерот и побогата опрема.

Во палетата на мотори се спомнуваат 1.4-литарскиот MultiAir бензинец и 1.3-литарски Multijet II дизелаш со 95 коњски сили и 200 Nm вртежен момент.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.