Sebastien Loeb победи во Аргентина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Sebastien Loeb победи во Аргентина!

Ова е трета победа на летечкиот Французин годинава, но негова 70-та во кариерата!

Себастијан Леб и неговиот совозач Даниел Елена ја извојуваа победата, а зад нив се најде нивниот тимски колега Мико Хирвонен. Третата позиција му припадна на Мадс Остберг, откако сериозниот конкурент за третото место Дани Сордо имаше проблеми на последната етапа.

Ова е трета победа на Леб оваа сезона, но негова 70-та во кариерата, и седма последователна победа на релито во Аргентина. Леб не ја криеше неговата радост и неговиот ентузијазам. Сепак, оваа година борбата за титулата е навистина голема, а ние сме навикнати да го очекуваме најдоброто од рекордниот шампион.

Во моментов Леб води во генералниот пласман со 91 поен, а зад него е Петер Солберг со 73. На третата позиција е Мико Хирвонен со 70 поени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.