Официјално: Jaguar XJ Ultimate – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Jaguar XJ Ultimate

Jaguar XJ Ultimate – луксузен автомобил или подвижна канцеларија?

Целта на XJ Ultimate е да се задоволат потребите на бизнисмените, кои треба да уживаат додека ја вршат својата работа на задните седишта. Уште на прв поглед XJ Ultimate дава впечаток на неверојатно луксузен автомобил, а се работи за токму тоа! Предната маска и уникатните 20-инчни бандажи се дел од измените на XJ Ultimate однадвор.

Како што напоменавме, потребите на оние на задното седиште се приоритет, па назад е всушност преселена цела канцеларија. Тоа значи дека освен двете кожни седишта, тука се наоѓа и технологијата која е потребна на секој деловен човек. Безжичната тастатура и најновата генерација на iPad е само дел од тоа што го нуди XJ Ultimate! Тука има и посебно место за да се лади шишето шампањ.

Но да видиме како “подвижната канцеларија” е придвижувана! За тоа е задолжен 5.0 литарскиот V8 мотор со компресор и 510 КС. 8-степениот автоматски менувач се справува со сите “коњи” без проблем.

 



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.