Porsche 911 Carrera S SP91-R by SpeedART – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 Carrera S SP91-R by SpeedART

Иако новиот Porsche 911 е на пазарот само неколку месеци, веќе се појавија некои тјунинг пакети за моделот. Еден од нив е и пакетот на SpeedART!

Нивната креација наречена SpeedART SP91-R, се состои од боди кит, спортски издувен систем, електронска надоградба на софтверот и нов сет тркала.

Боди китот содржи преден спојлер, странични прагови, заден дифузер и заден спојлер. Тркалата се со LSC алуминиумски бандажи со големина од 21-инч, направени за улични патеки и тркачки стази.

SpeedArt ја репрограмира електрониката за да ја зголеми силата за 25 коњски сили и 20Nm, па сега неговата сила изнесува 425 коњски сили и 460 Nm. Неговиот спортскиот издувен систем може да се комбинира со неколку различни дизајни на ауспухот кои даваат различен звук.

За ентериерот тие нудат ексклузивен дизајн со специјална кожа и алкантара.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.