ГЛАСИНИ: Каков ќе биде новиот Golf GTI? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ГЛАСИНИ: Каков ќе биде новиот Golf GTI?

Иако сеуште е рано да зборуваме за тоа како ќе изгледа новиот Golf GTI, добро информираните веќе ги знаат поважните бројки. Да видиме за што всушност станува збор.

GTI варијантите на Volkswagen Golf V и VI се покажуваат како успешни. Автомобилските ентузијасти ги сакаат заради привлечниот дизајн, одличниот квалитет на изработка, силниот мотор и потенцијалот за тјунинг. Свесни дека не смеат да ризикуваат околу Golf GTI од седмата генерација, новиот GTI ќе биде еволутивен наместо револуционерен, но во вистинската насока.

Веќе знаеме дека новиот Golf ќе биде поставен на MQB платформата на која ќе бидат поставени уште неколку модели на VAG – а еден од нив е и Audi A3. Но доколку одберете GTI, ќе добиете 2-литарски турбо мотор кој ќе нуди 217 коњски сили и 340 Nm вртежен момент од 1800 до 5200 вртежи. Како што можете да забележите, кај коњските сило нема големо покачување, но вртежниот момент е значително зголемен – сегашниот Golf GTI има 280 Nm вртежен момент.

Преведено, тоа значи дека Golf GTI ќе забрзува до 100 километри на час за околу 6.7 секунди, и ќе може да оди до максимални 255-260 километри на час. Интересно е што во Golf VII GTI ќе се вградува механички диференцијал со ограничено пролизгување, наместо досегашниот „електронски“ XDS систем. Кружат гласини дека ќе се нуди и Bluemotion верзија на Golf GTI, која со неколку измени ќе нуди слични (или исти) перформанси, но со значително помала потрошувачка и емисија на штетни гасови.

Нам ни останува да почекаме, наскоро ќе знаеме многу повеќе и за новиот Golf, како и за новиот Golf GTI.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.