Volkswagen Amarok Canyon Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Amarok Canyon Concept

Новиот Amarok Canyon Concept е визијата на Volkswagen за тоа како Amarok може да се искористи како возило за забава, покрај неговата корисност за работа.

Amarok Canyon е цели 85 милиметри повисок од стандардното возило, но е и поширок, па е добиен поспортски изглед, а возилото изгледа спремно да се справи со било каков терен. Опремен со би-турбо дизелашот со зафатнина од 2 литри и моќност од 170 коњски сили, Amarok може да се пофали и со здрави 400 Nm вртежен момент, кои ќе му помогнат да се справи со секаков терен!

Интересна е и уникатната црвена боја која привлекува внимание и кажува дека не се работи за обичен Amarok. Има ситни детали на надворешноста – како што се дополнителните светла поставени на кровот, а во внатрешноста која е обложена со кожа има и дополнителни инструменти кои ќе ви помогнат да се искачите по нерамен терен.

Секако, како и секој добар теренец, Amarok е со мануелен менувал, погон на сите четири тркала и блокада на диференцијалот. Доколку ве интересира повеќе за Amarok, погледнете го нашиот тест!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.