Привршува изборот за Автомобил на Годината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Привршува изборот за Автомобил на Годината

Викендов заврши уште еден дел од изборот за автомобил на годината, а ние сме еден чекор поблиску до дознавање на победникот!

Иако ние не сме дел од жирито кое го избира Автомобилот на Годината за Македонија, сепак на покана на жирито и ние учествувавме во еден од настаните кои се поврзани со изборот. Караванот во кој учествуваа сите кандидати, но и минатогодинешниот победник Hyundai ix35 направи една мала турнеја низ источна Македонија. Покрај тоа што ја имавме одличната можност да се дружиме со финалистите од овогодинешниот избор, го посетивме и локалитетот Камени Кукли и се дружевме со други новинари, како и преставници од импортерите на возилата.

Караванот се движеше до Штип, преку Куманово, Кратово и Пробиштип, а потоа преку Велес се вративме во Скопје. Секаде каде што се појавивме, предизвикавме навистина голем интерес, а и телевизиските камери кои не следеа ги забележаа најинтересните моменти. Мораме да напоменеме дека сите финалисти се снајдоа одлично на снег и во различни услови на возење, а можноста да ги пробаме сите автомобили и да се увериме во нивните можности беше добредојдена.

Да се надеваме дека наскоро ќе го дознаеме и победникот!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.