Освежена и Seat Ibiza! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежена и Seat Ibiza!

Претставникот на Шпанската рака на Volkswagen го доби своето „средновечно“ освежување. Дискретно затегнатите линии и новата предница и даваат на малата Ibiza нов, освежен лик!

Како и секој модел, и Ibiza доби свое освежување. Иако визуелните промени не се екстремни, сепак се приметливи, особено во предниот дел. Преработените предни светла земаат некои детали од IBE, IBX и IBL концептите на SEAT, а на задната страна има преработени браници и задни светла.

SEAT најавува и освежен ентериер, со поквалитетни материјали и нов мултимедијален уред кој може да се користи и како навигациски уред и може да се извади од возилото.

Моторите остануваат исти, како што и се очекува при еден фејслифт, а Ibiza е одлична најава за новиот Leon кој се очекува следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.