Opel Insignia Cross Four – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Insignia Cross Four

Предвиден да биде сериозен конкурент на новиот Passat Alltrack, Insignia Cross Four е новиот борец на Opel во оваа нише-класа. Нам ни изгледа одлично, а уште од почеток, ветува многу!

На самиот почеток во понудата се само дизелски агрегати, што е и очекувано за вакво возило. Во понудата ќе се најдат 2.0 CDTi со 160 коњски сили, како и 2.0 CDTi би-турбо моторот со 195 коњски сили. Дизајнот е сличен како на караванската изведба на Opel Insignia, но тука е евидентна повисоката каросерија, заштитните пластики на каросеријата, и можеби најважното – 4х4 погонот!

Во најава е дека Insignia Cross Four ќе има и побогата стандардна опрема, како и големи 18-инчни тркала. Нам Insignia ни е еден од омилените големи седани, а оваа изведба само ќе го направи големиот Германец уште попрактичен за лојалните купувачи!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.