Лелеее, снема струја! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Лелеее, снема струја!

После разно-разни одложувања и презакажувања, производството на Fisker Karma конечно започна годинава. Но, веќе е најавено повлекување на дел од нивните автомобили, поради дефектни батерии!

Имено, Fisker Automotive повлекува 239 возила, поради дефект на исклучително моќните батерии. Како што знаеме, нивниот модел Karma претставува луксузен автомобил со хибриден погон, кој изгледа фантастично, елегантно и префинето, а до 100ка забрзува за само 5,9 секунди, така што овој хибрид не е ништо налик на претставата за хибридните автомобили, која ја имаме добиено од оние „секојдневни“ автомобили (Toyota Prius, Honda Insight и слично). Karma пред некој ден, или поточно на 27ми декември ја освои наградата за Најдобар Луксузен Автомобил на Годината, доделена од елитниот британски магазин Top Gear.

Повлекувањето се однесува за автомобилите произведени од 1ви јули до 3ти ноември оваа година, поради можни проблеми со системот за ладење на батериите.  Поради несоодветно позиционирање на доводите на разладната течност, може да дојде до истекување на истата, и евентуално до појава на пожар. Иако до Fisker немаат стигнато никакви поплаки, сепак, за да се игра на сигурно, се повлекуваат сите модели, за да се поправи дефектот. Производителот на батериите, компанијата А123 System произлезе со соопштение, во кое се истакнува дека соработката помеѓу нив и Fisker останува на врвно ниво, и покрај настанатата ситуација.



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!