Како ќе изгледа новиот BMW M3/M4? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Како ќе изгледа новиот BMW M3/M4?

Иако само шпекулативно, 30-годишниот Jacek Kolodziejczyk, попознат како IACOSKI ни ја претставува неговата визија за тоа како би можела да изгледа новата генерација на BMW M3!

Името кажува многу – BMW M3. Можеби најдобрите спортски автомобили во светот, М3 секогаш бил референтна точка кои сите конкуренти сакаат да го стигнат. Сеуште не знаеме како ќе изгледа новиот M3, ниту пак што ќе го придвижува, но тоа не го спречило Jacek да го замисли. Визуелизацијата е навистина веродостојна, бидејќи ги зема во предвид сегашниот BMW 1M Coupe и новата серија 3.

Има гласини дека новата купе изведба на сериајта 3 ќе се вика серија 4, но не ни се верува дека ќе го сменат името на легендарниот М3! Како и да е, претпоставките на Jacek изгледаат одлично!

Нам ни се допаѓа!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.