Утринска Гимнастика: Pagani Huayra – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Pagani Huayra

Pagani Huayra е еден од оние автомобили кои се навистина уникатни и каде што автомобилот е со иста мера возило, но и уметничко дело. Погледнете како изгледа Huayra во своето најдобро светло!

За разлика од тоа што повеќето го мислат, Horacio Pagani не е Италијанец, туку по потекло е од Аргентина. Неговата „позадина“ навистина импресивна – тој работел на развивање лесни материјали и композитни материјали за Lamborghini, но имал сон да направи свој автомобил. Токму тоа го направи со Pagani Zonda C12 – првиот автомобил на неговата компанија. Тој автомобил требало да го носи името Fangio F1, но од почит кон Fangio, кој почина во 1995-тата година, тоа име било сменето со Zonda C12.

Huayra (како и да се изговара тоа) е најновиот автомобил на Pagani и како и сите автомобили пред него, тој (или таа) изгледа како уметничко дело. Уживајте во следните неколку минути!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.