Sebastiеn Ogier во тимот на VW во светскиот рели шампионат! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Sebastiеn Ogier во тимот на VW во светскиот рели шампионат!

Довчерашниот колега на Sebastien Loeb од 2013-та ќе вози за тимот на Volkswagen во светскиот рели шампионат.

Ако се прашувате зошто од 2013-та, да ви кажеме веднаш. VW сака да биде конкурентен од првата трка, па сака да помине една година во тестирање и усовршување на возилото. Не можеме да шпекулираме дали ќе им успее стратегијата и ќе мораме да бидеме трпеливи една година.

Младиот Ogier, на кого шампионската титула му избега оваа година и неговиот совозач Julien Ingrassia се подготвени да започнат со тестирање и подготовки. Очигледен е нивниот натпреварувачки дух и желбата за успех. Имаат само пофални зборови за своите поранешни колеги, но свесни се за нивните квалитети и се подготвени за борба!

Ogier е подготвен и талентиран млад возач, а тоа го потврди и легендарниот Carlos Sainz, кој го прогласи за еден од трите најдобри возачи во светот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.