Subaru BRZ STI – Вториот од браќата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru BRZ STI – Вториот од браќата

Веќе многу сме виделе за Toyota FT86, но многу малку за Subaru BRZ – вториот од „збратимените“ модели на двата Јапонски производители.

Но тоа што го гледаме денес е концепт кој е многу близок со моделот кој ќе оди во сериско производство. Финалниот модел ќе го видиме кон крајот на месецов за време на авто-салонот во Токио, а ќе оди во сериско производство од почетокот на следната година. Ќе се нуди и со 2-литарскиот, 4-цилиндарски мотор на Субару, како и со други мотори од гамата на Субару и Тојота. Но Subaru не би биле Subaru доколку не понудат и турбо-боксер мотор со над 300 коњски сили!

Ќе знаеме повеќе за Subaru BRZ за време на Токискиот авто-салон, а до тогаш ни останува само да уживаме во фотографиите и нетрпеливо да го очекуваме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.