Грдичко, грдичко, ама техничарче – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Грдичко, грдичко, ама техничарче

Можеби новата генерација на серијата 1 на BMW ќе има потешкотии да ги задржи погледите на случајните минувачи и да разбуди убави емоции во нив, меѓутоа тоа не значи дека најмалиот Баварец не заслужува внимание.

Претходната генерација со судни маки се трудеше да го „оправда“ дискутабилниот дизајнерски пристап, кој несомнено беше контроверзен и поларизирачки. Нема да навлегуваме во детали за минатото, бидејќи пред нас е претставникот на новата генерација на почетната серија на Баварците, и се разбира, повторно се актуелни полемиките за изгледот, дизајнот, па дали вака требало, или онака требало… Сепак, би се согласиле со мислењето дека естетските вредности и коефициентот на визуелна атрактивност, се некаде помеѓу ниско и просечно ниво. Се разбира дека тоа ни под разно не значи дека и овој Баварец (како и повеќето други), е одличен автомобил за возење, кој во себе ги содржи најмодерните технолошки достигнувања.

Доказот за динамичките својства на новата „Единица“, пристигнува за многу кратко време од почетокот на продажбата на овој модел. Имено, етаблираните автомобилски медиуми во Германија, “Auto Bild” и “Bild am Sonntag”, му ја доделија престижната награда „Златен Волан“ токму на овој автомобил. BMW 1 Series ја освои наградата во „премиум компакт“ класата, не само благодарение на поддршката од читателите на “Auto Bild” и “Bild am Sonntag”, туку исто така, успеа да ги освои симпатиите и на 42-членото стручно жири, составено од професионални возачи, инжинери, новинари итн.

Непосредно по освојувањето на престижниот „Златен Волан“, новиот BMW 1 се закити со уште едно признание – 5 ѕвездички на краш-тестот на EuroNCAP , со исклучително добар резултат во сите категории (91% за патниците напред, 83% за патниците назад, 63% за пешаци, 86% за безбедносни помагала).



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!