Hyundai со нова верзија на Genesis Coupe – Уште податоци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai со нова верзија на Genesis Coupe – Уште податоци!

Hyundai објави повеќе детали за фејслифтираниот Genesis Coupe. Најважните бројки се следните – V6 со 350 коњски сили и 2.0Т со 275!

Новиот 3.8 литарски Lambda GDi мотор ќе испорачува импресивни 350 коњски сили и 400 нм вртежен момент. Но исто толку интересен (ако не и поинтересен за тјунерите) е новиот 2.0 литарски Theta мотор со турбополнач, кој ќе испорачува 275 коњски сили и 372 нм вртежен момент. Моделите ќе се нудат со 8-степен автоматски и 6-степен мануелен менувач. Информации за перформансите сеуште нема, но ќе ве известуваме со нови детали како што ќе ги дознаваме.

Ова е Корејски автомобил за кој ни е навистина жал што не се нуди во Македонија.

Дополнување: Hyundai ги објави и официјалните податоци околу перформансите и потрошувачката, па можеме и ние да објавиме дека посилниот V6 модел ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за 5.9 секунди и ќе троши 10.4 литри на 100 изминати километри. Послабиот, турбо модел забрзува од 0 до 100  километри на час за 7.2 секунди и троши 9.1 литар гориво на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.