Brabus 800 прикажан во Дубаи! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus 800 прикажан во Дубаи!

Brabus не е познат по своите скромни бројки, па така е и сега – 800 коњски сили, 1100 нм, 3.9 секунди и 350 километри на час!

На авто-салонот во Дубаи, познатата тјунерска куќа за Mercedes-Benz, BRABUS ќе го промовира новиот BRABUS 800. Тие решиле да го земат стандардниот 5.5 литарски, твин-турбо, 12-цилиндарски мотор и да му го зголемат капацитетот на 6.3 литри. Потоа ги замениле стандардните турбо-полначи со други, кои уште повеќе ја зголемуваат моќноста. Дополнителните измени само ја подобруваат сликата, а финалните резултати се импресивни! 800 коњски сили и 1420 њутнметри (кои се ограничени на 1100, за да може менувачката кутија да преживее повеќе од 20 секунди).

Можеби визуелните модификации нема да бидат по сечиј вкус, но перформансите зборуваат за себе – 3.9 секунди до 100 километри на час, и максимална брзина од 350 километри на час! Некој Шеик во Дубаи сигурно ќе се радува!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.