Една година, 840 членови, 1600 теми и 110000 мислења подоцна, пораснавме! Огромна чест ни е да Ви го претставиме нашиот нов портал и да ве поканиме да уживате во содржините кои ги нудиме!
Приказната за CARclub.mk започна пред нешто повеќе од една година. Желбата за дружење и комуникација не мотивираше да го создадеме CARclub.mk! Започнавме со форум, кој со многу работа, љубов и ентузијазам прерасна во една одлична заедница. Заедница која веќе неколку пати се покажа како одлична, гостопримлива и дружељубива. Сега, точно една година откако го лансиравме форумот, ја имаме честта и привилегијата да го покажеме и CARclub.mk порталот за автомобили!
Изминатата година ни донесе многу. CARclub порасна многу, и може да се пофали со следните бројки:
- 844 членови
- 1.650 теми
- 110.000 пораки
- 230.000 посети
- 3.850.000 прикажани страници
- и многу повеќе!
Можеме да се пофалиме и со неколку настани, кои ни претставуваа вистинско задоволство:
- Еден од најголемите автомобилски собири во Македонија!
- Екскурзија до Маврово
- Екскурзија до Св. Јоаким Осоговски
- Екскурзија до Попова Кула
- Регионални собири на наши членови во Охрид и Битола
Се надеваме дека од самиот почеток ќе ви понудиме одлични содржини, и дека ќе продолжиме и во иднина. За почеток, ви ги нудиме:
- Tестот на Seat Leon CUPRA R со фотографии од Кристијан Ивановски
- Oдличната галерија фотографии од Porsche 911 Carrera S, сликана од страна на Дејан Маликовски!
- Regina концептот на Suzuki
- Small Sports EV и AC-X на Хонда,
- Rетроспективата на Volvo P1800
- Премиерата на BMW 1-Series во Македонија
Ако веќе не сте се зачлениле на нашиот форум, ви препорачуваме да го направите тоа веднаш и да се вклучите во многуте дискусии. Побарајте го CARclub.mk на Facebook и на Twitter, и бидете подготвени за многу нови содржини, јубилеи и настани. Ви благодариме за поддршката и вниманието, и одиме заедно кон нови успеси!
Искрено ваш,
CARclub.mk