CARclub.mk е најпосетуваниот и најдобриот (ова ние го кажуваме, а нашите посетители го потврдуваат, сериозно) веб-сајт посветен на автомобилизмот во Македонија. Се појавивме на Македонскиот интернет простор кон крајот на 2010-тата година, и со многу ентузијазам, поддршка, кафе и волја го изградивме нашиот форум, нашиот клуб, а сега и нашиот портал.

Кој стои зад CARclub.mk?

Зад нашиот проект стојат десетици луѓе, кои несебично го понудија своето време, својата желба за дружење и својот ентузијазам, за ние да можеме да ги понудиме сите содржини кои ги нудиме во моментов, и кои ќе ги понудиме во иднина.

Нашиот ентузијазам и љубов кон автомобилите ги искажуваме секојдневно, и се радуваме на секое ново возење, нов автомобил, нов концепт или премиера.

Всушност…

Всушност, зад CARclub.mk стоиме ние – Андреја Јарчевски и Кристијан Ивановски, а од неодамна ни се придружија и Филип Јосифоски и Димитар Најденов. Ние сме долги години заболени по автомобилите и кога не зборуваме за нив, тогаш сигурно ги возиме и уживаме во слободата и адреналинот кои автомобилите ни ги нудат.

Кога станува збор за фотографијата, горди сме што соработуваме со Дејан Маликовски.

Нашата желба да го пренесеме нашиот ентузијазам нè повика да го направиме CARclub и да понудиме на авто-вљубениците во Македонија место каде што ќе можат безрезервно да ја покажат својата страст кон своите љубимци на четири тркала.

Една година подоцна, на добар пат сме да успееме. Се гордееме со CARclub. Се гордееме со она што го постигнавме за само една кратка година. Се гордееме со ентузијазмот, поддршката и лојалноста кои ни ги искажуваат членовите на нашиот форум. Се годееме на секој собир, секое дружење, секое возење.

Се надеваме дека ќе уживате во содржините кои ги нудиме секојдневно. Се обидуваме да ви ги донесеме и покажеме најинтересните новитети, концепти и занимливости од светот на автомобилизмот.

И на крај, сакаме да ви се заблагодариме за времето што го двоите за да го посетите CARclub и да бидете дел од нашата заедница.